Стив Кер: Србија беше брилијантна

од Vladimir Zorba
31 прегледи

Србија и САД одиграа фантастичен натпревар во полуфиналето на Олимписките игри, што мораше да го признае дури и тренерот на Дрим Тимот, Стив Кер.

Иако Србија водеше во поголемиот дел од натпреварот, на крајот победија фаворизираните Американци.

– Србија беше брилијантна и навистина морам да бидам понизен во вакви моменти и да кажам дека ми е чест што бев дел од ваков натпревар. Тоа е еден од најголемите кошаркарски натпревари од кои сум бил дел – изјави Кер.

Трикратниот НБА шампион како играч на Чикаго Булс во ерата Џордан-Пипен и како тренер на Голден Стејт Вориорс имаше многу пофални зборови за тимот на Светислав Пешиќ.

– Беа совршени. Тие одиграа совршен натпревар и не натераа да играме на највисоко ниво за да дојдеме до победа. И нашите момци беа неверојатни во последната четвртина и го направија тоа, додаде селекторот.

САД во финалето ќе се борат за златото против домаќинот Франција, додека финалистите од последниот Мундобаскет, Србија и Германија ќе играат за бронзата.

Слични содржини