Стивен Спилберг ќе продуцира филм за сириска бегалка

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Холивудските режисери Стивен Спилберг и Џеј­Џеј Абриамс ќе ја продуцираат екранизацијата на книгата “Надежта е посилна од морето” (A Hope More Powerful Than the Sea).

Романот на Мелиса Флеминг, која е раководителка на агенцијата за бегалци на ОН, ја раскажува вистинската приказна на сириската бегалка Доа Ал замени . Таа ја напуштила земјата поради граѓанската војна и тргнала на опасно патување низ Медитеранот. Кинокомпанијата Paramount Pictures и продуцентската компанија на Спилбрег потврдија дека ги  добиле правата за екранизацијата на книгата. Стивен Спилберг е еден од најуспешните режисери во историјата. Тој е трикратен добитник на наградата “Оскар”. Џеј­Џеј Абрамс го познава уште од своите тинејџерски години. Подоцна Спилберг го продуцира неговиот филм “Супер 8” и му помогна да стане режисер на седмата епизода на “Војна на ѕвездите”.