Стоилковски: Екс градоначалник од СДСМ ангажирал новинари и режисери за над два милиони денари општински пари

од Nikola Popovski

Со потпис на Борис Геогиевски, поранешен градоначалник на Гази Баба, само за ангажирање на четири лица коишто во општината немаат поднесено ниту еден извештај за завршена работа, се дадени над два милиони денари, преку повеќемесечни договори, обвини денеска на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Понатаму на пресот Стоилковски го објави имињата на засегнатите новинари и режисери.

-Најмногу, над еден милион денари се исплатени на  Бојан Кордалов, редовен аналитичар на медиумите за социјални мрежи, како и координатор на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи. Тука е и Љубиша Станковиќ новинар познат како советник во премиерскиот кабинет на СДС истовремено додека беше и новинар на национална телевизија, за една година му се исплатени над 347 илјади денари од општина Гази Баба. Исто толку се исплатени и на Санта Аргирова, уште едно звучно новинарско име, додека на  Томислав Живковиќ, режисер, се исплатени околу 278 илјади денари. Вкупно, над два милиони денари општински пари исплатени на новинари, режисер и експерт за социјални мрежи, изјави Стоилковски.

Тој обвини и дека половина милион денари се исплатени и на четири други лица за проект наречен „Убавините на Гази Баба“, документарен серијал.

-Ним парите им се исплатени, но филм нема, серија нема, ниеден материјал или извештај нема поднесено до општина Гази Баба. Парите им се исплатени иако согласно договорот пари требало да добијат дури откако филмот ќе се реализира, рече Стоилковски на прес-конференција во седиштетото на партијата.

Слични содржини