Стоилковски: Обезбедувањето можен учесник во напад врз контролната кула добива нов тендер со М-НАВ

од Nikola Popovski

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека насилството во М-НАВ докажува дека „СДСМ и ДУИ ниту расчистиле ниту ќе расчистат со бандитизмот“.

„Чуварската фирма којашто не само што не спречи, напротив, им отвори порти и врати од автомобилите на тепачите врз контролори за летање, во контролна кула додека десетици авиони имале прелети, во истиот период, од истите директори, добиле нов годишен договор“, истакна тој.

Наместо веднаш по инцидентот во стратешки државен објект, по ваков напад, додава Стоилковски, да биде прекинат договорот со обезбедување, и да биде отворен предмет за улогата на обезбедувањето во нападот, државата има нов договор со истата фирма.

-Почитувани, кичевската “2сс”, е првата фирма за обезбедување којашто добива тендер за М-НАВ, а само неколку дена пред бандитизмот на ДУИ во контролната кула, има нов договор со старите, сега сменети, директори“, вели Стоилковски, прикажувајќи документ.

Слични содржини