Стоилковски повторно упадна на прес на Каевски (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

ВМРО-ДПМНЕ е типичен доказ како од од голтарска партија се станува најбогатата партија во Европа преку криминал и корупција, вели портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.

-Еве ја зад мене белата палата, симболот на криминалот, корупцијата и расипништвото на ВМРО-ДПМНЕ. Од мала „жолта куќа“ до „бела палата“ на 7 спрата вредна 40 милиони евра, со раскошни лустери, со скап мебел, теписи и уметнички дела. Побогата од партијата на Ангела Меркел, германската ЦДУ, додаде Каевски во својата изјава од пред „Белиот дворец“.

Според портпаролот, Мицкоски е исто така класичен пример за тоа.

-Влезе голтар во политиката, па стана советник на Никола Груевски и сопственик на хидроцентрали и бизниси, рече Каевски.

При неговата прес-конференција, повторно упадна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, како што веќе еднаш го направи пред повеќе од еден месец. Тој постојано дофрлуваше и зборуваше истовремено со Каевски, попречувајќи го во изјавата.

Слични содржини