Не може да очекуваме храброст од луѓе кои се кукавици, нехрабри, од луѓе под маса што се договараат и потпишуваат договори далеку од очите на македонскито народ и затоа сметам дека единствениот начин на ова што може да му ставиме крај се избори а на изборите граѓаните треба да бидат мудри и да одлучат бидејќи овој пат ние немаме проблем со тие кои се мнозинство, ние имаме проблеми со тие што се платена опозиција на опозиција, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на Телевизија Алфа.
Тој додаде дека сега суштина на ДУИ е да ги помогнат колку што можат опозиционерите во опозицијата да намалат од потенцијалот на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи „СДСМ има повеќе ограничен супстрат и не може повеќе од ова СДСМ, туку може само подолу“.
„Поентата на Артан Груби и овие од Мала Речица е да го намалат ВМРО-ДПМНЕ со што ќе вадат авантуристи со што ќе ветуваат вселенски станици, најголеми патриоти преку ноќ, ќе ги повикуваат македонските граѓани да ги бранат националните интереси, а први гласале во Собранието, луѓе кои кажуваат дека 65 отсто од македонските граѓани не можат да си дозволат годишен одмор а летуваат на елитни дестинации во светот и со таа опозиција во опозицја ќе се обидат да го ограничат потенцијалот на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Стојаноски.
Тој истакна дека СДСМ се соочени со девастирање на следните избори.
„Граѓаните треба да знаат дека на наредните избори нема реприза и тие 12 часа ќе се одлучува судбината за нашата држава . Тие 12 часа ќе се клучни за тоа како ќе се движи државата во наредните години“, вели Стојаноски.