168
Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Војдан Стојановски ќе го напушти германскиот тим Олденбург, објавија од клубот на својата веб-страна.
Војдан помина само една сезона во бундеслигашот, кој лани заврши на третото место на табелата, а на негово место веќе е ангажиран Американецот Кевин Меклејн.
Стојановски претходно настапуваше за Бујукчекмеџе, Реал Бетис, МораБанк Андора, Алба Берлин, Шахтер Доњецк и Черкеши Медведи, а се уште немаинформации каде ќе ја продолжи својата кариера.