Стојчевска: Зголеменото мнозинство предводено од СДСМ, ќе стави крај на блокираните закони

од Берта Китинска

Со месеци траат блокадите и опструкциите на важни закони од страна на опозицијата во Собранието. Поради неодговорниот, нечесен и политикантски однос на пратениците од опозицијата во Собранието се заглавени закони кои го унапредуваат квалитетот на живот на граѓаните, истакна на денешната прес-конференција пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска.

„Зголемено и стабилно парламентарно мнозинство предводено од СДСМ ќе стави крај на овие блокади и ќе ги донесе законите заглавени во собраниските процедури. Меѓу нив се измените со кои недела станува неработен ден за 92 отсто од сите вработени, но и законските измени со кои минималната плата ќе се зголеми на 18.000 денари“, вели Стојчевска.

Пратеничката од СДСМ смета дека ќе се надминат и блокадите на законските измени со кои 4.700 наставници и стручни соработници во основното и средното образование ќе добијат трајно вработување со што ќе стекнат правна и економска сигурност.

„Стабилно парламентарно мнозинство предводено од СДСМ ќе го донесе и предлог-законот за отпис на камати на долгови, со што на над 150.000 граѓани ќе им се помогне да го решат проблемот со задоцнетото плаќање на долговите кон јавните и државни претпријатија. Време е за одговорност и работа во интерес на граѓаните кои нè избрале и кои нè плаќаат преку буџетот. Носењето на овие закони, но и други измени и дополнувања на законите ќе обезбедат подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и забрзан реформски процес во државата“, дополни таа.

Слични содржини