Столтенберг: Украина треба да биде во НАТО, неопходно е да се преземат одредени чекори

од Stefanija Kuzmanovska
218 прегледи

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека НАТО треба да почне да работи на конкретни чекори за да ѝ помогне на Украина да се приклучи на таа организација.

„Украина треба да биде во НАТО, но за да се оствари тоа, неопходно е да се преземат одредени чекори“, изјави Столтенберг во пресрет на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во рамките на Советот НАТО-Украина во Брисел.

Тој додаде дека НАТО треба да продолжи воено, хуманитарно да ѝ помага на Украина, со енергетска инфраструктура и високонапонска опрема бидејќи, како што рече, доаѓа студено време и се гледаат руски напади врз енергетската инфраструктура.

„Ние како НАТО имаме многу можности да продолжиме да помагаме“, рече Столтенберг и додаде дека едно од прашањата е како НАТО може да продолжи да помага на подобар и покоординиран начин и како може да ѝ помогне на Украина во подготовките за нејзиниот евентуален влез во НАТО.

Слични содржини