Евентуалната воена интервенција против Северна Кореја ќе има “катастрофални последици”, порача Јенс Столтенберг.

Една евентуална воена интервенција против Северна Кореја ќе има “катастрофални последици”, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Коментарот доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави претходно дека
дипломатските напори за справување со корејската криза не успеаја.
“Употребата на воена сила ќе има катастрофални последици, не мислам дека некој навистина го сака тоа и поради таа причина мора да продолжиме со напорите за договарање на решение”, изјави тој во интервју за агенцијата “Франс прес”.
“САД имаат право да бранат себе си, своите сојузници, но во исто време сум апсолутно сигурен дека никој не сака воено
решение”, рече тој и додаде дека треба да биде интензивни заедничките напори против Северна Кореја.
Столтенберг категорично негираше дека НАТО планира какво било воено присуство во корејскиот регион и нема добиено барања за воена помош од Вашингтон или Токио.
Во вторникот, Трамп одржа состанок со неговиот тим за безбедност, на разговори околу можностите за одговарање на
континуираните ракетни и нуклеарни испитувања на Пјонгјанг. Состанокот се случи неколку дена откако Трамп напишал во врска со тоа дека преговорите со Северна Кореја не постигнале ништо и “само едно ќе работи”. Претходно, шефот надржавата
постојано се закани дека ќе ја “уништи” комунистичката држава. Следната недела, САД и Јужна Кореја ќе спроведат големи заеднички поморски вежби во Јапонското и Жолтото Море.
Подобрените технолошки способности на Северна Кореја ја принудија Алијансата да го преиспита својот анти-ракетен систем, кој беше делумно оперативен од минатата година. “Нашите експерти работат на технологија за тоа како да ги подобриме нашите системи”, додаде Столтенберг.
Во своето интервју шефот на Алијансата исто така коментира и друга криза, поврзана со САД , со раскинувањето на издавање на неимигрантски визи меѓу Вашингтон и Анкара. Во врска со тоа, Столтенберг ги повика сојузниците да најдат решение за кризата во нивните односи. Според него за организацијата е важно двете страни да можат да работат заедно, особено во блискоисточниот регион, бидејќи “Турција е клучна за нашата борба против тероризмот”.
Конфликтот меѓу двете држави избувна откако турските власти уапсија вработен на Американскиот конзулат во Истанбул под обвинение за поврзаност со мрежата од следбеници на проповедникот Фетхуллах Гулен, кој се смета за организатор на обидот за преврат во Турција од летото минатата година. Во одговор Вашингтон престана издавање неемигрантски визи за турските граѓани – мерка која потоа беше преземена и од Анкара.
Турција е клучен член на НАТО во борбата против “Исламска држава” на Блискиот Исток, како САД се потпираат во голема мера на турската база “Инџирлик” за остварување на своите мисии против групата во Ирак и Сирија.
Според зборовите на Столтенберг НАТО е секогаш подготвен да помогне, но веќе се водат директни разговори меѓу Анкара и
Вашингтон, кои имаат за цел да ги решат споровите меѓу нив. / АФП