Столтенберг за Путин: „Го постигна спротивното од своите воени цели“

од Stefanija Kuzmanovska
174 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин го постигна спротивното од неговите воени цели во Украина со започнувањето на „историскиот“ пристап на Финска во НАТО, кој ќе биде финализиран денеска, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, пренесува „Ројтерс“.

„Наведената цел на Путин да ја нападне Украина беше да има што е можно помалку членки на НАТО“, изјави тој за новинарите во седиштето на алијансата во Брисел, говорејќи неколку часа пред Финска официјално да стане нова членка на воената алијанса.

„Тој го постигна токму спротивното. Финска ќе стане денес, а наскоро и Шведска ќе стане полноправна членка на алијансата“, рече Столтенберг.

Подоцна денес НАТО треба да одржи церемонија во своето седиште за да го одбележи пристапувањето на Финска.

Слични содржини