Стопирана реконструкцијата на Али пашината џамија во Охрид

од desk4
65 прегледи

Ќе се стопира и целосно ревидира контроверзниот проект за реконструкција на Али Пашината Џамија во Охрид соопшти денеска министерот за култура Роберт Алаѓазовски. Неколку месечната гласна борба на граѓани, историчари и архитекти, кои обвинуваа дека градбата е нелегална конечно дојде до слухот на надлежните.

Пред недела дена случајот го презеде и јавен обвинител, а сега проектот ќе биде целосно прегледан и од Министерството за култура за да се види кој, што и на каков начин досега градеше без соодветна дозвола.

„Ќе го стопираме проектот за да најдеме соодветно решение. Не ми дозволиле таму да се гради, а самото градење да предизвикува етнички тензии и тоа да биде надвор од законските процедури. “ – изјави Роберт Алаѓозовски, министер за култура.

Најголемиот бунт кај охриѓани беше  околу изградбата на 32 метарско минаре во срцето на Охридската чаршија.

Иако не одговори конкренто дали во иднина џамијата ќе добие или не минаре со толкава големина, министерот најави дека намерите се ова споменично добро да се врати во рамките на она што го нуди културата и законот.

Но, додека се ревидира проектот за џамијата, Завод и Музеј работи со блокирана сметка, а поднесе и кривична пријава против екс директорката Тања Паскали Бунатешеска која установата ја довела до извршителски долгови од околу 7 милиони денари откако со години одбивала да постапува по судска одлука, односни да ги отстрани  потпорните зидови до музејскиот комплекс Куќа на Робевци од парцелата на тужителот.

Судската одлука за случајот е од 2009 година година, а не била извршена се до 5 ти месецов  откако новото раковдство со трошоци од 500- ини евра  ги срушило спорните зидовите.

„Штета што е предизвикана од неодговорното однесување, односно неизвршување на службената должност на поранешната директорка изнедува седум ипол милиони денари или околу 120 000 евра. “ – изјави Алаѓозовски.

Тв 24 денеска се обиде да стапи во контакт со екс директорката Бунташеска, но и покрај бројните телефонски повици и смс пораки, до емитување на прилогот не добивме нејзин став за случувањата. Од министерство дополнуваат дека кривичната пријава е веќе поднесена а кон установата се пуштени финансии за исплаќање на еден дел од долгот, за да можат вработените да ги земат платите кои им доцнат со месеци.