Стотици хектари се уништени, есента не очекува масовно пошумување, вели Заве

од Берта Китинска
198 прегледи

Ги чекаме извештаите од штетите во пожарите, некои го изгубија кровот над главата, вели премиерот Зоран Заев во изјава за Сител.

-Општинските комисии за проценка се на терен, имаме сто милиони денари од буџетот за оваа намена, кои се дел од резервите. Очекуваме проценки и од Национални шуми, а дадовме и насоки за доопремување, бидејќи есента ни треба масовно помушување со повисоки садници. Стотици хектари се уништени и тоа треба да го возобновиме, зашто се нашите бели дробови, рече премиерот Заев.