Странски вооружени сили доаѓаат во земјава заради учество на вежбата „Balkan Warrior 23″

од Vladimir Zorba

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија заради учество на вежбата „Balkan Warrior 23″ и донесе ваква одлука, на предлог на Министерството за одбрана.

Вежбата „Balkan Warrior 23″, според Информацијата од Министерството е дел од Планот за организација и учество на Армијата на вежби од меѓународен карактер за 2023 и 2024 година и дел од Планот за билатерална соработка за 2023 година помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за национална одбрана на Република Грција.

На вежбата е предвидено учество на 15 припадници од специјалните сили на Република Грција, со вооружување, опрема, моторни возила и материјално – технички средства. Локација за учество на вежбата ќе биде територијата на Република Северна Македонија, односно на Армискиот полигон „Криволак”.

Слични содржини