Страшна несреќа поради мраз во Германија: Училишен автобус удрил во возило, има жртви

од Stefanija Kuzmanovska

Едно дете загина, додека 13 лица се повредени во сообраќајна несреќа на лизгав зимски пат во Германија.

До несреќата дошло кога училишниот автобус удрил во возило на зимската служба, а потоа се излизгал од патот и удрил во дрво.

Инцидентот се случил утрово околу 6 часот и 30 минути во завеано подрачје кај Зематал.

Портпаролката на полицијата за „Билд“ потврдила дека детето загинало во несреќата. Засега не се знае колку години има и дали е момче или девојче.

Во несреќата тешко се повредени двајца возрасни, меѓу кои и возачот на автобусот. Уште 11 патници, од кои десет се деца, се здобиле со полесни повреди. Голем број на итните служби се на терен, а рутата е целосно затворена. Кризниот тим е во акција.

„Билд“ предупредува дека до пладне е крајно опасно на патиштата во Германија. Метеоролошките експерти предупредуваат на „црн мраз“ и снежни наноси.

Се сомнева дека до оваа несреќа довел и црн мраз, додека надлежните велат дека тоа се уште не е потврдено.

„Точната причина за несреќата се уште се утврдува. Акцијата на лице место се уште е во тек со бројни служби за итна помош“, изјавила портпаролката на полицијата.

Слични содржини