СТРАШНА НЕСРЕЌА ВО ПОЛСКА: Се судрија два воза, има повредени

од Stefanija Kuzmanovska
380 прегледи

Два воза утрово се судрија во градот Гдиња на северот на Полска, а во несреќата се повредени пет лица, соопшти службата за вонредни состојби.

Четири лица се пренесени во болница, додека на петтото лице му била укажана помош, пренесува АП.

Противпожарната бригада на Гдиња соопшти дека сите повредени се вработени во железницата.

Судирот се случил во 7 часот наутро во близина на главната станица во Гдиња, град на Балтичкото Море.

Во судирот првиот вагон на еден од возовите се превртел на страна, според фотографиите објавени во полските медиуми. Причината за несреќата се уште не е позната, јави АП.

Слични содржини