СТРАШНА трансформација на познат актер: Игра лик тежок 270 килограми

од Stefanija Kuzmanovska

Брендан Фрејзер, американскиот актер најпознат во јавноста по улогите во филмовите „Џорџ од џунглата“ и „Мумијата“, се појави на овогодинешниот филмски фестивал „Трибека“ во Њујорк на премиерата на крими драмата „No Sudden Move“ на Стивен Содерберг, што го снимаше со колегите Бенисио дел Торо и Дон Чидл.

„Изгледа драматично поинаку!“, беа коментарите на настанот, гледајќи го „елегантно полнетиот“ Фрејзер.

И додека некои веднаш злонамерно заклучија дека актерот се запоставил за време на пандемијата на коронавирус, се покажа дека Брендан сепак „се здебелил“ поради нова улога.

Според „Дејли меил“, во филмот „The Whale“ на Дарен Аронофски, тој ќе го игра осамениот Чарли, морбидно дебел човек, тежок неверојатни 270 килограми, кој се обидува повторно да се поврзе со својата седумнаесетгодишна ќерка. Двајцата се разделиле откако Чарли го напуштил семејството поради нов партнер, откривајќи тогаш дека е хомосексуалец – а кој подоцна почина.

Карактерот на Фрејзер тогаш почнува да се прејадува поради болка и вина.

Слични содржини