.Илјадниците луѓе se натрупале на границите на Европа, како и илјадниците кои веќе ги преминале, масовно, но сепак погрешно се доживуваат како бегалци од една пропадната револуција – Арапската пролет.
Всушност тие ja отелотворуваат револуцијата на ХХІ век, која допрва доаѓа . Во 1981 година научниците од Универзитетот во Мичиген прават Светско испитување на вредностите и откриваат дека Нигеријци се толку среќни колку и западногерманците, иако се многу сиромашни во материјално однос . Речиси четири децении подоцна ситуацијата е радикално поинаква. Според најновите истражувања во повеќето земји среќата е директно пропорционална на бруто домашниот производ. Интернет направи можност за младите Африканци и Авганистанци да видат како се живее во Европа , и тоа само со еден клик на глувчето.Луѓето веќе не го споредуваат својот живот со оној на своите соседи, туку со животот на повеќето просперитетни жители на нашата планета. Тие не сонуваат за иднината, туку за други места. Смартфоните и социјалните медиуми олеснуваат премин на границите, како при тоа не мора да се откажуваш од својата етничка и верска идентитет. Работиш и живееш во Лондон или Берлин, но остануваш Сириец. При тоа може да го оддржувш постојано својот контакт со останатите во татковината , како и да ги следите насловите на вестите таму.

Во овој поврзан свет миграцијата – за разлика од утопиите кои ни ги поттураат демагозите од минатиот век – нуди моментална и радикална промена. Во ХХІ век Револуцијата нема потреба од идеологија, политичко движење или политички лидер.Човек не го менува системот, туку географијата. Недостатокот на колективни идеали ја претвора миграцијата во природниот избор на новиот радикал. За да го промениш својот живот, не ви треба партија, туку чамец. Зголемувањето на социјалната нееднаквости и слабеење, социјална мобилност во земји како Украина и Русија прави така што на луѓето таму им е полесно да ја преминат националната граница отколку класната бариера. Но миграциската револуција е способна да предизвика контрареволуција и да се редефинираат нашите демократии.
Во историски аспект демократијата е рачката преку кој Европа е интегрирала странците и се отворила за светот; исто така лесно може да се покаже и алатка за исклучување и затворање. Бројните акции за солидарност со бегалците кои ги видовме во Западна Европа во текот на изминатата година, денес се засенети од спротивното дејство: од растат стравувањата дека странците ќе го компромитираат социјалниот модел и традициите ; дека ќе се уништат либералните општества преку задушување на правата на жените.
Конзервативците стравуваат дека миграцискиот поток е смртна казна за културите на европските нации.
Стравот од радикалниот ислам, тероризмот, криминалот и општата вознемиреност од непознатото се во основата на моралната паника. Многумина во Европската унија се загрижени – не толку од посакувана до овој момент азил за бегалци, кои се веќе над еден милион, колку од мислата за иднина во кое мигрантите постојано нелегално ги преминуваат границите на Европа.
За да си обезбедат поддршката на својата земја, го олеснува протокот и воси полиитка со бегалците, а европските влади ги затвораат очите за растечкиот авторитаризам на Анкара.Сликата на идното стареење и намалување на локалното население, портретирани од демографијата, ги плаши дури и најпознатите убедени Европејци. Силно влијание во политиката го освоија мнозинство кои се чувствуваат загрозени. Не само крајните партии како Национален фронт во Франција, британската Партија за независност на Обединетото Кралство (ЈУКИП), но исто така и владејачката партија во Унгарија, како и еден од главните политички играчи во Полска – “Право и правда”, ја гледаат својата улога како адвокати на “загрозените мнозинства”.
Идејата за “свет без граници” предизвикува кај нив страв и омраза.
Тие инсистираат за Европска унија со јасно дефинирани и добро чувани граници.Убедени се дека кризата е резултат на заговор меѓу космополитски настроените елити и племенски размислувања на имигрантите. Ситуацијата се менува радикално европската политика и ставовите на многумина претставници на континентот. Ако до вчера тие се потпирале дека безбедноста им се гарантира од фактот дека Европа граничи со либерални демократии со силната амбиција да станат членки на Унијата, тие денес се надеваат да се граничат со пријателски режими – без разлика дали либерални, или не – кои имаат желба и способност да зго адржуваат приливот на луѓе. “Меката моќ”, така примамлива за надворешни држави, сега се разгледува од земјите-членки како извор на ранливост.
Холандскиот референдум за пристапување на Украина кон ЕУ, кој се одржа во средата, ги илустрира овие расположенија. Гласаа “против” сакаат да испратат порака дека Европа не само што не ги поздрави бегалците, туку и цели општества кои се стремат кон неа. Оваа промена во размислувањето и намерите може да се забележи и во односите со Турција.
За да си ја обезбедат поддршката на неговата земја, која го олеснува протокот на бегалци, европските влади ги затвораат очите за растечкиот авторитаризам на Анкара. Со тоа тие сакаат да испратат сигнал дека Европа не е толку пријатно место како што странците си вообразуваат. Накратко, лидерите на ЕУ се приклештени меѓу реториката на демократската револуција како одговор на проблемите на еден взаемнозависин свет, и хаотична реалност на револуцијата наречена миграција .