Стразбур пресуди ! Слободата на медиумите не е волја на партиите туку нужност во демократијата

од Vladimir Zorba
111 прегледи

Стразбур пресуди ! Црниот понеделник, кога исфрлаа новинари од парламент-Тоа е атак врз слободата на медиумите, врз работата на новинарите, и неправична пресуда на Уставниот суд на Македонија.

Е тоа е уште една победа на демократијата и пораз на оваа Македонија. Сега веројатно нарачателите на „црниот понеделник“ ќе речат тоа судството на Стразбур ти било бетер од СЈО, некоја испостава на СДСМ.
Нека речат, ама ова покажа дека нема слобода на медиумите, и што е новинарство а што пропаганада, дека слободни медиуми не е волја на овој газда и уредник на телевизија ,на оној премиер или партиски центар , на било која партија, туку нужност на секоја демократија.
Правилата се универзални , а не слободна интерпретација на оваа или онаа власт.
Медиумската заедница како ЗНМ, СЕММ ССНМ, МИМ, ИММЕК.. го знаат и се борат за тоа за професионални стандарди според европските и светските новинарски кодекси, а не според партиските нарачки и владини послушници, и исправноста на таа борба сега ја потврди и судот во Стразбург.

Така што оваа е победа на слободата на медиумите и на новинарите кои се борат за стандардите, и на тие кои некаде длабоко во главата им ечи ЈАВНОСТА ИМА ПРАВО ДА ЗНАЕ, да биде информирана а не излажана, манипулирана и дефуокусирана.

Ќе видиме кој е предавникот, пардон поразениот.

Фејсбук статус на Драган Антоновски