Стражите не се на ВМРО-ДПМНЕ, тврди Стоилковски

од Nikola Popovski

Нашите членови ќе бидат присутни, нема да имаат стражи на гробот. Ќе дојдат ќе положат цвеќе, ќе оддачат мирно и достоинствено почит, знаејќи дека било каков инцидент е во корист на СДСМ, ДУИ и на државните интереси на Бугарија, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски во емисијата „24 анализа“ околу чествувањето на годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев.

Тој додава дека патриотските стражи биле фрустрации од граѓанството заради односот на државата кон прашањето за Гоце Делчев.

-Зошто да ги осудувам стражите? Тие не се на ВМРО-ДПМНЕ, тие се народни. Да не беа најавите на социјалните мрежи, немаше да има ниту полиција, ниту реакција, додаде Стоилковски.

Слични содржини