Нема докази дека ригорозните политики ги одвраќаат младите од употреба на канабис , се вели во една студија цитирана од Гардијан.

Анализирајќи информации за употребата на марихуана меѓу повеќе од 100 000 тинејџери во 38 земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Русија, Франција, Германија и Канада.Универзитетот на Кент е тврди дека нема поврзаност помеѓу полиберални политики при употребата на канабис и повеќе употреба на канабис кај младите луѓе.

  “Моето ново истражување вклучува неколку други, кои покажуваат дека нема докази за поврзаност меѓу потешки казни и помала употреба на канабис”, коментира професорот Алекс Стивенс, социолог од Универзитетот во Кент, кој  ја истражува социјалната политика и спроведува социјални студии.

Ова е корисна информација за владите, истовремено размислувајќи за најдобриот начин за употреба на канабис, рече професорот.

 Новото истражување објавено во International Journal of Drug Policy, е во спротивност со истражувањето од 2015 година, што заклучи дека има врска меѓу политиките за либерализација употребата на канабис и поголема веројатност адолесцентите да прибегнат до марихуана.

Стивенс коментира дека овие откритија се базираат на погрешна интерпретација на помалку резултати и дека во неговата анализа се вклучени повеќе податоци, вклучувајќи ја разликата кај момчињата и девојчињата во различни земји.

Во меѓувреме, Мексико ќе стане трета земја во светот по Уругвај и Канада кои   го легализира канабисот.