Стружанец фатен како шверцува 33 мигранти

од Nikola Popovski
149 прегледи

Полициски службеници привеле четириесет и едногодишник со иницијали И.М од Струга кој во комбе превезувал 33 мигранти.

-Денеска во 11.30 часот полициски службеници од РЦ за ГР Југ-ПС за ГП и ГН Богородица во близина на бензинска пумпа на автопат А1, кај Гевгелија, го лишија од слобода И.М. (41) од Струга, кој со товарно возило „Фиат Дукато“ со охридски регистарски таблички, превезувал 33 мигранти.

Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје и против возачот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, стои во соопштението од МВР.

Слични содржини