Почетна / Слајдер / Стружанец го загуби животот сечејќи дрва

Стружанец го загуби животот сечејќи дрва

К.А. (49) од струшкото село Богојци вчера се повредил сечејќи дрва. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде им подлегнал на повредите.

Како што соопшти денеска МВР, случајот бил пријавен во СВР Охрид синоќа, околу 19 часот.

Увид извршила екипа од Полициска станица Струга. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.

loading...