
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
6 Лазарополе, 8 Крушево, 9 Битола, Претор, Маврово, 10 Ѓуриште, Кр. Паланка, Тополчани, Охрид, Прилеп, Берово, 11 Пожаране, 12 Дебар, Тетово, Куманово, Скопје Петровец, 13 Виница, Штип, 14 Скопје, Дојран, Струмица, Гевгелија, Д. Капија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.
1 Штип, Д. Капија, Виница, Охрид, Гевгелија, Струмица, 3 Пожаране, Маврово, 4 Тетово, Дојран, Скопје, 5 Берово, 6 Кр. Паланка, 10 Тополчани, 12 Куманово, 16 Ѓуриште, Прилеп.
ВРЕМЕТО УТРИНАВА
Во вториот дел од ноќта облачноста се зголемуваше, а утрово е облачно со малку сонце на истокот од земјата. Слаб дожд во 7 часот имаше Скопје и Лазарополе. Понекаде утрово дува слаб променлив ветер.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Облачно и посвежо со пообилни врнежи од дожд, особено во јужните и источните делови каде што се очекува и појава на грмежи. Пообилни врнежи ќе има и на северот од земјата и тие во овие делови ќе продолжат и во ноќта. Ќе дува умерен северен ветер кој попладне вдолж Повардарието ќе засилува. Температурата во интервал од 15 до 20 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
До сабота подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на неколку влажни воздушни бранови, па времето претежно во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд и грмежи. Денешните врнежи на места ќе надминат 45 литри на квадратен метар. Во петок и сабота врнежите ќе бидат полокализирани и ќе се повеќе кон исток, а и ќе дува повремено засилен северен ветер. Денес ќе е најсвежо, а од утре температурата ќе е во постепен пораст, па во понеделник температурите ќе достигнат и до 27 степени на југоистокот.