ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во см (во 7 часот)
80 Попова Шапка, 49 Маврови Анови, 26 Крушево, 15 Лазарополе, 9 Пожаране, 4 Тополчани, Битола, 1 Ѓуриште.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (за 24 часа во литри на квадратен метар)
23 Лазарополе, 14 Маврово, Дебар, 11 Охрид, 6 Битола, 5 Претор, Крушево, 4 Берово, 3 Дојран, Штип, Прилеп, Кр. Паланка, 2 Куманово, Виница, Струмица, 1 Гевгелија, Скопје З.Рид, Скопје Пет., Ѓуриште,
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
-4 Маврово, -3 Лазарополе, 0 Битола, Берово, 1 Кр. Паланка, Охрид, Претор, Прилеп, 2 Тетово, Виница, 3 Скопје Пет, Куманово, 4 Скопје З.Рид, Штип, Струмица, 5 Д. Капија, Дојран, 7 Гевгелија.
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Претежно облачно и ветровито. Помалку облачност има на југоисток. На планините на запад има врнежи од снег (Маврово и Крушево), а утринава на повеќе повисоки места врнежите преминаа од дожд во слаб снег и тоа во Охрид, Битола Прилеп. Дожд врне во Претор и Струмица. Продолжува да дува умерен северен ветер кој повремено засилува особено на северот и на повисоките места.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Променливо облачно и постудено со повремен локален снеr, особено на запад и претежно претпладне. Во централните делови ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува засилен северен ветер најизразен на север во Кумановско, во делови од Скопско, во Штипско и кон југ долж Повардарието. Брзината на ветерот понекаде ќе надминува 70 км/час. Температурата преку денот ќе биде од 2 до 10 степени.
Во Скопје променливо облачно, со услови за краткотраен дожд, а на повисоките делови од слаб снег. Ќе дува и умерен до повремено засилен северен ветер. Температурата до 4 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Под влијание на многу студена воздушна маса од север од утре до петок следува период на променливо облачно, значително постудено и ветровито време со засилен северен ветер и со слаби локални врнежи од снег.