Студенти од ФЗНХ посетија компании – извозници на земјоделски производи

од Ивана Рамаданова

Студенти и професори од Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) денеска посетија три водечки компании – извозници на земјоделски производи: „Перминдекс“ од Градско, „Випро“ од Гевгелија и „Агролозар“ од Струмица.

Посетата беше дел од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ 2) која со ова и официјално го означи почетокот на активностите планирани во наредните четири години во секторот одржливо земјоделство со цел да ги подобри условите за соработка меѓу производителите, преработувачите и откупувачите на домашниот пазар, но и да ги подобри конкурентноста и пласманот на пазарите во странство.

„Овој настан беше одлична можност за студентите директно да се запознаат со технологиите и процесите на производство, земјоделската механизација и практиките за складирање на свежо и преработено овошје и зеленчук. Компаниите-домаќини разговараа со студентите и професорите за вештините, профилите и позициите кои моментално се барани во секторот земјоделие. Оваа средба е дел од континуирана соработка која проектот ќе ја одржува со Факултетот за земјоделски науки и храна за да понуди поддршка во подобрување на моделот за задолжителна пракса за студентите и повратни информации од компаниите за ревидирање на наставните програми на факултетот. Крајната цел е да добиеме генерации студенти кои ќе бидат подобро подготвени за влез на пазарот на труд по дипломирањето“, информираат од ИМЕ.

Слични содржини