Студија: Антителата на ковид-19 траат до осум месеци

од Stefanija Kuzmanovska
466 прегледи

Антителата создадени кај пациентите заболени од вирусот ковид-19 остануваат кај пациентите најмалку осум месеци по дијагностицирањето, без оглед на сериозноста на болеста, возраста на пациентот или присуството на други болести, се вели во најновата студија објавена во списанието Nature Communications.

Според истражувањето, спроведено од болницата Сан Рафаеле во Милано, оние кои не успеваат да произведат антитела во првите 15 дена од инфекцијата, имаат поголема веројатност да развијат потешка форма на болеста, пренесува „Танјуг“.

Групата пациенти се состоела од 67 проценти мажи со просечна возраст од 63 години, од кои половина имале и придружни болести.

Истражување на 162 позитивни пациенти

Резултатите на судијата покажуваат дека 79 проценти од пациентите успешно ги развиле овие антитела.

Студијата сеопфатно ја мапира еволуцијата на одговорите на антителата кон ковид-19 и дава важни индикации и за клинички третман на болеста и за епидемиолошки прекин на епидемијата.

Спроведена е на 162 позитивни пациенти со различни симптоми кои имале ковид-19 во првиот бран во март и април минатата година, најдоцна во ноември.

Слични содржини