Турските F-16 го симнале рускиот авион како одговор на уништувањето на стотици цистерни испратени од бунтовниците од терористичката група “Исламска држава” од Сирија за Турција.

0000284721-article2

Целата нафта е купена од нафтената компанија на синот на претседателот на Турција Реџеп Ердоган. Ова го изјави во интервју за РИА Новости сирискиот министер за информации Омран аз Зубин.

“Целата оваа нафта беше испорачана за компанија која е на синот на Реџеп Ердоган. Во оваа смисла Турција почна да се нервира кога Русија почна да нанесува удари по инфраструктурата на ИД и уништи над 500 камиони со нафта. Тоа силно го изнервиран Ердоган и неговата компанија. Тие не извезуваат само нафта, но и пченица, и историски вредности “, изјави сирискиот министер.

Од кои руски оружја треба да се плаши Турција…

“Целта на Турција е да се обиде да ја прероди Отоманската империја, која пред се е поделена на провинции. Имаше провинцијата Дамаск, Мосул, Алепо, Ерусалим, Бејрут и др Токму таа цел води кон желбата за поделба на Сирија и Ирак на емирати или провинции кои постојат под протекторатот на империјата и во нејзин интерес. Овие амбиции предизвикуваат несогласувања со САД “, рече уште сирискиот министер.

Зубин посочи дека амбициите на Анкара и нејзините западни сојузници биле ставени под закана по почетокот на руската воздушна операција во Сирија на 30 септември годинава

“Неочекуваната за нив активната интервенција на Русија го измени распоредот на силите. Прво, тоа е вистинско присуство, втор, тие / Западот / сакаат да ја истераат Русија од арапскиот свет и да ја направат непријател на овој регион, како во Либија и Јемен”, рече министерот.

Слични содржини