Судењето за Диво Насеље одложено за 20 јули

од desk2

Судењето за Диво Насеље е одложено за 20 јули. Причина за одлагањето на рочиштето, според адвокатот Насер Рауфи е неподготвеност на Обвинителството. Тој пред новинарите изјави дека обвинението е целосно промашено, јави Макфакс.

Од Основниот суд Скопје 1 велат дека во текот на минатата недела од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција Скопје до судот доставиле барање за одложување на судскиот процес. На последните неколку рочишта обвинитите го бојкотираа судењето и побараа од судијката да бидат отстранети од судската сала бидејќи не го признаваат Судот.

Во терористичките напади во кумановското „Диво Насеље“ на 9 и 10 мај во 2015 година загинаа осум припадници на безбедносните сили, а четириесетмина беа повредени.

Слични содржини