Судењето за „Трезор“ одложено за 29 март, се чека екстрадиција на Грујевски

од desk2

Судењето за предметот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) „Трезор“ за набавка на опрема за шпионирање во кој првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков е одложено за 29 март.

Причина за одложувањето, како што појасни судијката Џенета Бегтовиќ, е затоа што се чека исходот од жалбената постапка пред Врховниот суд во Грција за обвинетиот поранешен началник на Петтата управа во ДБК, Горан Грујевски.

На денешното рочиште во Кривичниот суд дојдоа поранешниот директор на УБК Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски и поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ, сите обвинети во „Трезор“.

Обвинението на СЈО пред Судот го застапува обвинителката Ленче Ристовска.

Обвинетите се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот при набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

Слични содржини