Судење на Трамп: Десетици потенцијални поротници не се избрани поради пристрасност

од Vladimir Zorba
252 прегледи

Десетици потенцијални кандидати за порота во судскиот процес против Доналд Трамп поради тајни плаќања на порно ѕвездата Сторми Даниелс не беа избрани бидејќи рекоа дека не можат непристрасно да одлучат дали поранешниот американски претседател е виновен или невин за кривичните пријави.

На почетокот на историското судење, првото во кое беше инволвиран поранешниот американски претседател, судијата Хуан Меркан им рече на група од речиси 100 потенцијални поротници дека мора да ги остават настрана сите предрасуди или лични ставови за обвинетиот или случајот, вклучително и „политичката ориентација“, јавува Гласот на Америка.

Најмалку 50 од нив не беа избрани вчера, откако рекоа дека не можат да бидат непристрасни во судењето на Трамп, републиканскиот кандидат за претседател на овогодинешните избори.

Слични содржини