Судиите се независни во одлучувањето, велат од СС по одредените мерки за претпазливост наместо притвор за упадот во М-НАВ

од Nikola Popovski

Судиите се независни во постапувањето и одлучувањето, се огласија од Судскиот совет по инцидентот во М-НАВ и упадот во контролата на летање.

-Во врска со последните реакции на јавноста за случајот М-НАВ Судскиот совет ја известува јавноста дека судовите се независни во своето постапување и одлучување, а Судскиот совет во рамките на своите законски надлежности ја следи работата на судовите, порачаа од СС преку кусото соопштение.

На владина седница, на маса разрешувањето на раководството на Македонска навигација и барањето за целосна ревизија на досегашното работење на М-НАВ. Ако нема разрешување, Синдикатот од утре најави затворање на македонското небо.

Правници со препорака да нема притисоци врз судот. Паралелно, тече и правната постапка откако Обвинителството отвори истражна постапка.

Процесот на расчистување на случајот дополнително се усложни со приведување на лицата и изрекување мерки на претпазливост наместо притвор, по што Обвинителството поднесе жалба до Кривиниот суд.

-Намерата на тепачите била насочена кон “обично” насилство, кое се разбира е во познатиот контекст на заробена држава многу сериозно, но судот според мене бил во право дека насилството не било насочено кон загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај, објави универзитетскиот професор Гордан Калајџиев, кој смета дека е погрешна квалификацијата „загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“.

Слични содржини