Судијката во „Рекет“: Заев засега го нема во списокот на сведоци

од Vladimir Zorba

Судијката во предметот „Рекет“, Васка Николовска-Масевска, на средба со новинарите, која се случува за првпат, посочи дека смета дека е правилна одлуката на Судечкиот совет, а со тоа е прифатен и предлогот на обвинителката Вилма Рускоска да биде исклучена јавноста при слушање на снимките, бидејќи по наводи од обвинителството во снимките кои се прегледувале, може да им се наруши угледот на лицата кои не се инволвирани во ова обвинение, а се споменуваат.

До сега, според судијката, поранешниот премиер Зоран Заев го нема во списокот на сведоци.

До 15 март ќе има осум рочишта со 12 сведоци и 13 на обвинетата Катица Јанева, кои се одобрени. 12 се одобрени на Јовановски.

И.Р.

Слични содржини