Сојузен судија денеска ќе ги сослуша аргументите за тоа дали американскиот претседател Доналд Трамп ја прекршил слободата на говорото на корисниците на Твитер со тоа што ги блокирал.
Изнесувањето на аргументи е дел од тужбата што во јули минатата година ја поднесе еден претставник од Институтот на Универзитетот Колумбија, кој го проучува Првиот амандман на Уставот на САД и неколкумина поединци, корисници на Твитер.
Тие поднесоа тужба против Трамп бидејќи ги блокирал Твитер налозите на сопствениците што го критикуваа, исмејуваа и не се согласуваа со неговите ставови, со образложение дека Твитер налогот на американскиот претседател е јавен форум и оти со забраната за пристап се крши Првиот амандман на Уставот на САД .
Трамп одговори дека неговиот Твитер е приватен, а не државен или јавен форум.