Суецкиот канал повторно блокиран (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Товарниот брод Ever given, кој беше oдблокиран денес, повторно го блокираше Суецкиот канал.

Само неколку часа откако беше деблокиран, бродот повторно го блокираше каналот, враќајќи се на истата позиција во која се наоѓаше со денови, блокирајќи го преминот, изјавија извори од управата на Суецкиот канал за „Спутник“.

Бродот повторно го блокираше каналот под силен ветер, но надлежните велат дека ситуацијата сега е подобра отколку претходните денови, а новата блокада се очекува да се реши за околу еден час.

„Ever given е успешно вратен на својата соодветна позиција утрово во 4.30 часот и во моментов е безбеден“, изјави претходно компанијата на својот профил на Твитер.

Меѓутоа, иако бродот беше деблокиран утрово, сообраќајот не беше воспоставен.

Слични содржини