Суеверијата за петок 13

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Денес е петок. Може да ви изгледа како и секој друг ден, но ако сте заборавиле да погледнете на календарот, да ве потсетиме дека е петок 13-ти. Датум и ден од седмицата, кои се поврзуваат со какви ли не суеверија.
Верувале или не, постојат луѓе кои страдаат од трискајдекафобија – страв од бројот 13. Овој страв се смета за суеверие, историски поврзан со верски предрасуди. Специфичниот страв од петок 13-ти се нарекува параскаведекатриафобија.

Ако сте од оние кои се плашат да не ви помине црна мачка пат, веројатно на петок 13-ти:
Не одите на патувања, бидејќи мислите дека тоа ќе ви донесе несреќа.

Внимавате да не скршите огледало, бидејќи 7 години ќе имате лоша среќа. Според древните Римјани, животот се обновува на секои седум години.

Не би родиле на петок 13-ти, за да не биде детето несреќно.

И ако овие суеверијата не ве допираат, еве уште кои другои се најчесто поврзувани со петок 13-ти.

Ако ја потстрижите косата на петок 13-ти член од семејството може да најде смрт.

Не отворајте чадор затворен на петок 13-ти, бидејќи среќата ќе избега.

Ако видите столбови, покриени со покрив, не преминувајте под нив.

На петок 13-и носете сино око, за да се заштитите од уроци.

Зошто за бројот 13 се смета дека носи несреќа?
Нумеролозите го сметаат бројот 12 за завршена комбинација од бројки, на пример има 12 месеци во годината, 12 Хороскопски знаци и 12 апостоли на Исус. Во исто време 13 е надвор комплетноста.

Според некои историски извори, стравот од петок 13-и датира од барем 1700 година пред Христа. Така на пример во древниот Вавилон број 13 бил празен во листата со законите.

Еден од првите текстови кои рефлектираат фатализам околу бројот 13 е напишан во 700 година п.н.е. Во него грчкиот поет Хесиод го споменува 13-тиот ден како несреќен.

Знаете ли дека секоја година има најмалку еден и најмногу три Петок 13-ти?

Најдолгиот период, кој може да се случи без петок 13-ти е четиринаесет месеци.

Познати личности родени во петок 13-ти се Семјуел Бекет, Маргарет Тачер, Фидел Кастро, Стив Бушеми, сестрите Олсен и други.