Поранешниот поглавар на ИВЗ, Сулејман Реџепи, во изјава „Лајм“ зборувал за пукањето врз неговиот син Зеглул Реџепи, што се случи вчера во населбата Ѓорче Петров.
Реџепи вели дека неговиот син бил повреден додека бил на должност, но за среќа се здобил со лесна повреда на ногата.
„Автомобил без регистарски таблички го следел син ми. Бидејќи е вработен во МВР, го забележал и застанал и културно го прашал зошто го следи, но лицето се свртело кон него и испукало три куршуми.. Еден куршум се одбил откако удрил во автомобилот и полесно го повредил во ногата. Момчето денес ја напушти болницата и се врати дома“, нагласува поранешниот реис Реџепи.
Зборувајќи за двете лица кои беа уапсени синоќа од полицијата, Реџепи вели дека тие двајца не се вклучени во случајот.
„Момчето ги виде нивните фотографии и тие не се вклучени во овој случај. Добивме информација дека станува збор за проблематични луѓе кои имаат врска со политиката, но тие не се вклучени во конкретното пукање. Момчето не го познава сторителот, но добро се сеќава на неговото лице. Полицијата сè уште не ги ослободува двајцата уапсени Косовари, бидејќи чекаат мојот син официјално да даде изјава дека не се вмешани“, вели Реџепи.
Тој е задоволен од брзата реакција на надлежните органи и се надева дека случајот наскоро ќе се расчисти и ќе се откријат вистинските мотиви.
Реџепи е задоволен од брзата реакција на надлежните органи и се надева дека случајот наскоро ќе се расчисти и ќе се откријат вистинските мотиви.
„Немавме закани или нечисти сметки со никого. Не знаеме која е позадината. Сторителот мора да ја искаже намерата откако ќе се уапси. За нас несомнено е дека станува збор за нарачано дело, но случајот го оставивме во рацете на надлежните органи. Сторителот откако го изврши злосторството, автомобилот го оставил на улицата „Радушка“, за да го однесе до рампата во Сарај и да избега со друг автомобил”, го објаснува случајот Реџепи.