Тортевски: Поднесена е кривична пријава против разрешениот реис Сулејман Реџепи

од Берта Китинска

Адвокатот Александар Тортевски во гостување на ТВ 21 откри дека е поднесена кривична пријава против разрешениот реис Сулејман Реџепи.

„Поднесовме кривична пријава против реисот за заканата дека ќе ги отвори џамиите, и дека ова ќе стане Авганистан… ако не му дадат пари“,рече Тортевски .

Реџепи пред два месеци рече дека ако државата не им даде финансиска помош на ИВЗ, тој ќе ги повлече забраните за одење во џамија.

Ријасетот на Исламската верска заедница, од функцијата претседател пред два дена го разрешен досегашниот реис-ул-улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи.

За одлуката гласале две третини од членовите на Ријасетот.

Слични содржини