Суспендирани германски полицајци: Разменувале слики од Хитлер и кукасти крстови

од Nikola Popovski

Во германската сојузна држава Северна Рајна-Вестфалија биле откриени затворени групи за комуникација во кои се разменувало содржина со екстремно десничарска позадина, а меѓу нивните членови имало и 29 полицајци, објавено е во средата во Дизелдорф, пренесува Хина.

„Ова е срамота за полицијата во Северна Рајна-Вестфалија. Не верував дека вакво нешто е можно“, рекол министерот за внатрешни работи на најнаселената германска држава, Херберт Реул на вонредна прес-конференција.

Конференцијата билаеше свикана по претрес на становите на полицајците во областа Рур и Порајна, по што 29 полицајци биле суспендирани. Било докажано дека дека тие биле активни во комуникациските групи на Whatsapp, во кои луѓе од екстремно десничарскиот оглед разменувале незаконски пропаганден материјал.

Компромитирачки материјали

Сите суспендирани полицајци биле активни во полициската администрација на градот Муелхајм на Рур во еден момент од нивните кариери.

На компјутерите и смарт телефоните на суспендираните полицајци, меѓу другото, биле пронајдени слики на кои се гледаат бегалци во гасни комори, слики на Адолф Хитлер како и кукасти крстови.

Претседателот на полицијата во Есен соопштил дека суспендираните полицајци досега не биле забележителни поради екстремно десничарските погледи

Откривање на понатамошни случаи

Министерот за внатрешни работи изјавил дека може да се очекува да бидат откриени дополнителни случаи по проверка на материјалот запленет во денешните претреси.

Полицискиот синдикат (ГДП) изразил огорченост за присуството на полицајци во радикалните десничарски кругови.

„Борбата против екстремната десница е срцето на задачата на полицијата и затоа е неприфатливо полицајците сами да споделуваат ваква радикална десничарска содржина“, изјавил портпаролот на ГДП, Мајкл Маац.

Слични содржини