Сутлијаш со бело чоколадо и цимет

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

– 250 грама ориз

– 80 мл млеко

– 200 мл вода

– 100 гр бело чоколадо

– 3 кесички ванилин шеќер

– цимет за декорација

– 1/2 лажичка сол

Подготовка:

Истурете вода во тенџере и додајте сол. Потоа додадете 250 грама претходно измиен ориз и варете на умерена температура 10 минути.

Додадете млеко и ванилин шеќер, па варете додека оризот не е готов.

Кога ќе се свари оризот додадете го белото чоколадо и мешајте додека не добиете изедначена смеса. Смесата сипете ја во помали чинии и по желба посипете со цимет.

Слични содржини