Свадби по протоколот: Музичарите нема да се движат и пеат помеѓу гостите, ќе се игра на растојание

од Берта Китинска
330 прегледи

На влез пред свадба ќе мора да ги дезинфицирате рацете, нема гушкање ниту ракување со невестата и младоженецот, ова се дел од протоколите кои ќе мора да се почитуваат при организирање на свадбените веселби.

„Стандардната процедура која веќе е воспоставена е на влез да се користи задолжително средство за дезинфекција и да се мери температура. Просторот на летните тераси да е отворен од трите страни, забрането е поздравување со ракување, гушкање или друг вид на физички контакт со гостите. Музика, односно ангажирање на естрадни уметници е дозволено само при организирање на свадби, односно музичарите треба да бидат оддалечени најмалку 5 метри од најблиската маса и не смеат да се движат и пеат помеѓу гостите. Дозволено е играње на подиумот со безбеден простор од 4 метри квадратни по лице и со почитување на препорачаната дистанца“, посочи Хоџа.

Тој наведе дека во случај на движење во затворениот дел на гостите задолжително е носење маска.

„Дополнително, во однос на одговорноста, на организаторот на прославата и менаџерите на угостителските објекти сакаме да истакнеме дека организаторот има обврска според протоколот да достави листа на гости до одговорниот менаџер на објектот, кој има обврска да го евидентира секој гостин на прославата. Исто така, организаторот има обврска да ги запознае сите гости со препораките од овој Протокол. Менаџерот на угостителскиот објект е должен да ја регистрира и пријави прославата во Угостителската комора“, посочи портпаролот Хоџа.

Слични содржини