Сведоштво на Македонка која живее во Италија: Луѓето се збунети, тажни животот се претвори во едно темно место….место на војна!

од Берта Китинска
491 прегледи

Сè е затворено! Бизнис, Трговски центри, Продавници, Сите улици без жива душа, вака ја опишува моменталната ситуација Македонката, Лела Садикарио која живее во Италија во својот Фејсбук статус.


Првенствено фала на сите мои пријатели кои ми пишаа и сакаа да се информираат како е ситуацијата во Милано!Да, живеам во Италија – Милано, и затоа се решив да споделам со вас како се одвива животот овде во овие тешки денови и како мислам дека треба и мора да научите од грешките.Во моментов сме во карантин.Не може да се излегува на улица,
Ако излезеш без валидна причина Полицијата може да те казни!Сè е затворено!Бизнис, Трговски центри, Продавници,Сите улици без жива душа,Чувството е како да дошол крајот на светот!, пишува Лела.

Таа вели дека Италија, а Милано посебно секогаш бил симбол за добриот живот и тој живот се претвора од момент во момент, во едно темно место….место на војна!

Тоа е реалност која никогаш не сум помислила дека ќе ја доживеам пак после 90-тите години со распаѓање на Југославија.Луѓето се збунети, тажни, вознемирени, беспомошни и претежно не разбираат како оваа реалност била присилена врз нив и кога ќе заврши целиот овој кошмар. Голема грешка беше тоа што, на почетокот сите постираа статистики да покажат дека вирусот е полесен него еден обичен грип, и луѓето продолжија да ги водат своите животи како и обично и работеа од дома, а всушност сите беа на улици, уживајќи го убавото време и чувствувајќи го моментот како еден вид на одмор, собири по паркови, гледање со пријатели, големи фамилијарни собири. Сите згрешија па дури и јас!
Ве молам, внимавајте ова не е шега.Заштитете ги вашите најблиски, родителите, бабите и дедовците! Болеста е опасна за нив. Тие умираат! Бројката дневно овде е дека губиме по 200 луѓе, а 2000 нови случаеви се регистрирани.Не дека здравствениот систем во Милано не е добар (тој е еден од најдобрите во светот), но зошто умираат?! Затоа што нема место за секого во болниците!Лекарите избираат кој ќе умре!И тоа само заради несериозноста на граѓаните, и нашата свест и одговорност кон самите нас и цивилното општество!

Ве молам, ве молам научете од грешките, ние сме мала земја која може да заврши во голема трагедија. Доволно ја сакате да ја заштите!Слушајте ги упатствата на Министерството за здравство (Не е момент за препукувања но сложност и обединет пат – непријателот е еден вирусот) Бидете на дистанца од еден метар на секоја личност.Не се приближувајте, не се гушкајте и бакнувајте. Помогнете им на експертите да го спречат ширењето.  Во Италија целата земја е во карантин 60 милиони луѓе се во карантин !!Ова можеше да се спречи доколку од почетокот се слушаа упатстватаГрижете се за вас и животот на вашите сакани!Ви праќам еден цртеж кој моите деца го направија за една кампања која оди низ цела италија со слоган СЕ ЌЕ БИДЕ ВО РЕД! И така и ќе биде доколку сите седиме ДОМА!, пишува Лела.

Слични содржини