Сведоштво на претепаните Роми: Се иживуваа со нас, не тепаа и држеа во станица до 5 сабајле (ВИДЕО)

од Берта Китинска

На социјалната мрежа Фејсбук денеска беше споделено видео на кое се гледа како македонски полициски службеници брутално тепаат човек среде улица.

Во описот на видеото пишува дека претепаниот човек е всушност лице од ромска етничка заедница.

Вечерва невладината организација „Аваја“  објави видео во кое сведочеа нападнатите лица.Таткот, синот и третото лице кое било заедно со нив во автомобилот раскажаа што точно се случило.

-Наместо да ни помогнат тие почнаа да не удираат.Направивме сообраќајна несреќа бевме малку пијани во автомобилот, по што удривме во бнадера.Очекувавме полицијата да им помогне по сообраќајната несреќа, а не брутално да не тепаат. Во полицијата никој не’ не прегледа. Вода побарав, вода не добив.Се иживуваа со нас и не држеа во станица до 5 саат сабајле, раскажуваа нападнатите лица

Тие тврдат дека може да ги индетификуваат полициските службеници кои ги нападнаа.

Од МВР соопштија ека е утврден нивниот идентитет на напаѓачите.

„Во врска со видео материјалот што денеска (24.09.) беше објавен на социјалните мрежи, а на кое се гледа незаконито и непрофесионално постапување на полициски службеници, Ве известуваме дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи веќе го утврди идентитетот на учесниците во настанот и презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот по што јавноста ќе биде соодветно информирана“.

Полициска бруталност – вклучување во живо

Публикувахте от AVAJA в Четвъртък, 24 септември 2020 г.

Слични содржини