Сведоштво на првиот човек кој им помогнал на повредените: Татко сакаше да се врати во автобусот за да си го спаси синот

од Nikola Popovski

„Камионот ми беше на стотина метри од запалениот автобус. Кога се симнав, слушнав врисоци. Преживеаните врескаа и плачеа. Лицата им беа облеани во крв, вели првиот човек кој им помогнал на преживеаните по несреќата на автопатот Струма, објави бугарска „Нова“.

Лицето било веднаш до запалениот автобус пред да пристигнат полицијата и пожарникарите.

-Имаше две девојки на околу 20 години. Едната беше потешко повредено. Едно од момчињата ја носеше девојката на раце, но ја испушти бидејќи и тој имаше повреда на ногата и едвај се движеше. Јас ја преместив до крајот на автопатот. Мислам дека ѝ беа скршени нозете. Еден од мажите викаше „Сине, сине“, очигледно неговиот син бил во автобусот. Тој дури сакаше да влезе внатре, но јас го спречив. Единственото нешто што можеше да се слушне од автобусот беше како стаклата се кршат од самата температура и како сето гореше, додал сведокот.

Слични содржини