Сведоштво на селанин од Степинце: Ми ги исекоа дрвјата од двор,ни се заканија дека ќе ни ја исечат главата со моторна пила

од Берта Китинска

Новинарот Фуркан Салиу го посети Село Степанци, каде што вчера беа нападнати полицајци од дрвокрадци.


Вчерашниот настан е само кулминација, селаните со години имаат проблеми со дрвокрадците, пишува Салиу во својата Фејсбук објава.

-„Ми влезе дома и ми побара вода, морав да му дадам… Се плашиме од нив. Еднашка се обидовме да ги снимиме, не бркаа со моторни пили, колата ни ја оштетија„ – раскажува еден од селаните.„Ми ги исекоа дрвјата од двор, пробавме да ги спречиме, ни се заканија дека ќе ни ја исечат главата со моторна пила„Едниот од селаните бил по храбар, па пробал да ги исплаши со неколку истрели во воздух… Не само што не ги уплашил, туку му влегле дома и му се заканиле.Дрвокрадците се од Прилеп, скоро сите од околните села ги знаат, ама ништо не им можат. Селаните  велат дека имало политички договор, они да гласаат за партијата која што беше на власт, а за возврат, тие им дозволуваат да ја сечат шумата.Последните две години, откако се смени власта, поретко доаѓале, но во последниве месеци, веројатно е постигнат „договор„ па дивата сеча продолжила, пишува Салиу.

Слични содржини