Вчеравечер погледите на целиот свет се насочени кон Виена, каде се случи нападот врз синагогата.
Неколку лица беа повредени, а Србин од Виена, кој беше сведок на непријатни сцени, ја опиша моменталната состојба.
“Терористичкиот напад во Виена започна на неколку локации, започна во центарот на градот. Има десетици мртви и повредени”, рече Србинот од Виена.
„Има мртви и повредени, нападите се на повеќе локации, целиот центар е затворен, и нема превоз или такси. Забрането е излегување надвор, никој не смее да излегува од станот или од куќата “, за српски Курир го раскажува своето сведоштво Србинот кој живее во Виена.
Австриската полиција потврди дека неколку лица се повредени, како и полицаецот кој ја чувал зградата, кој е во животна опасност.
Според неофицијални информации, во нападот во Виена се убиени седум лица, а австриските медиуми наведуваат дека еден напаѓач се разнел со експлозив, додека неколкумина биле во бегство.