Свети Сава од картон: Сцени од Скопје ги збунија Србите (ФОТО)

од Nikola Popovski

На социјалните мрежи се појавија фотографии од Светосавската академија, која се одржа на 27 јануари во Скопје по повод Националниот празник на Србите во Македонија.

Поради актуелната епидемија на коронавирус, голем број луѓе не можеа да присуствуваат на настанот, па салата не можеше да се наполни до последното место.

За да го надоместат недостигот од гости, организаторите дошле до идеја да постават картонски фигури од Свети Сава на празните столчиња.

Официјалните фотографии од настанот го обиколија регионот, посебно Србија, со прашањето на кого и зошто му текнало на ова?

Темата на свеченоста секако била испочитувана, во салата доминирал ликот на Свети Сава, но останува нејасно зошто организаторите се одлучиле за оваа стратегија.

Слични содржини