СВЕТОТ НЕМА ДА БИДЕ ИСТ! Стотици илјади млади Европејци по короната никогаш повеќе нема да ги направат овие две работи

од Берта Китинска

Епидемијата на коронавирус што го нарушува нормалниот живот ширум светот веќе една година, ќе има долгорочни последици врз населението на возраст меѓу 25 и 35 години, а да не ги спомнувам постарите лица

Ова барем го покажуваат резултатите од истражувањето спроведено на неколку влијателни универзитети во Англија, Полска, Холандија, Белгија и Данска.

Во истражувањето спроведено на над 400 000 луѓе на возраст од 25 до 35 години низ Западна Европа, резултатите покажале дека 73 проценти од нив никогаш повеќе нема да пијат од иста чаша со пријател, додека 70 проценти од нив никогаш повеќе нема да ги бакнуваат луѓето при поздрав во образ.

Околу 70 проценти од помладите луѓе одлучија да применат мерки за социјално растојание дури и по вакцинирањето, додека околу 40 проценти од испитаниците повеќе не споделуваат работи со другите, како што се шминка во продавница, храна која се продава на улица ….

Интересно е и тоа што околу 25 проценти од испитаниците изјавиле дека најважната точка за враќање во социјалниот живот е тоа што тие секогаш ќе бидат во мали друштва и нема да влегуваат во ресторани или пабови каде што е преполно.

– Ова најмногу ќе се види на концерти, фестивали и други затворени собири. Луѓето ќе се уверат и сами, ќе носат средства за дезинфекција со нив Пандемијата ни ги отвори очите кога станува збор за хигиената – вели Ребека Штраус од компанијата Vision Direct која го спроведе истражувањето во Велика Британија.

Слични содржини