Светот полуде по суперхраната- “царицата на житните култури”

од desk3
80 прегледи

Киноата ја нарекуваат “царицата на житни култури”. Со богат нутриционен состав и лесен ореов вкус, малите зрнца се најпосакувана храна од вегани, вегетаријанци и јадачи на сурува храна. Киноата претставува едногодишно растение со широки лисја, а татковина му е Јужна Америка. Иако ја одредуваат киноата како житна култура, таа е близок роднина на спанаќот, цвеклото и лободата, а благодарение на супериорните хранливи квалитети, добива се поголема популарност.

1473421598-15

Киноата е вистински дар од природата, а овозможува да се консумираат не само нејзините семиња слични на кус-кус, но и лисјата.

Народите од регионот на Андите ја познавале оваа храна од пред 5 000 години. По популарност таа отстапи само на компирот.

Денес експертите ја одредуваат киноата како храна со високи хранливи квалитети , со импресивен биодиверзитет и значење за концептот за здравата исхрана.

Што е киноа?

Неколку луѓе ја споредуваат со оризот и сметаат дека е житна култура. Всушност малите зрнца од киноата се семето на растението, “братучед” на спанаќот и цвеклото.

Видови

Како и кај повеќето “припитомени” култури, киноата може да се најде во неколку варијанти. Најзастапена е таканаречената бела киноа .

Има и црна кино, која при варење ја задржува семената обвивка цела и не се распукува. Најдобра е за салати, бидејќи при правилно подготвување останува малку крцкава.

Исцелителната моќ на киноата

При чир

При чир, гастритис и колитис храна како киноата се одличен опција. Тие се добро прифатени, не ја дразнат слузокожата на органите во дигестивниот тракт.

Киноата е препорачана од диетолозите кај оваа група заболувања и поради богатиот витамински состав, чие присуство помага при оздравителните процеси на слузокожата.

Крвен притисок

Киноата е еден од природните производи кои го намалуваат крвниот притисок и го балансираат при редовна употреба. Киноата содржи калиум, калциум и магнезиум, а тоа се задолжителни елементи за нормални вредности на крвниот притисок.