Светската политичка елита прослави 100 години од крајот на Првата светска војна

од desk4
172 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон повика десетиците светски лидери, кои се собраа во Париз за комеморацијата по повод 100-годишнината од крајот на Првата светска војна, да изградат обединет фронт во битката за мир, објави АФП.

“Ајде да градиме надеж, а не меѓусебно  ширење на страв”, изјави шефот на државата пред Триумфалната капија во самото срце на француската престолнина. Во речиси 20-минутната говор Макрон ги повика светските лидери да се борат против “изолацијата, насилството и доминацијата”. “Заедно можеме да се соочиме против заканите како глобалното затоплување, уништувањето на природата, сиромаштијата, гладот, болестите, нееднаквоста и незнаењето”, категоричен беше Макрон. Откако во последната недела ги  обиколи боиштата во северна Франција, тој изјави пре лидери на држави и влади од над 70 земји во светот, дека “крвопролевањата не смеат да се заборават и 100 години подоцна лузните  оставени од нив сеуште се видливи по лицето на земјата “.

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега беа меѓу лидерите со неговата спомен-церемонија. Двајцата претпочитаа да пристигнат со моторизираната придружба пред Триумфалната капија, додека други лидери, меѓу кои канадскиот премиер Џастин Трјдо и германската канцеларка Ангела Меркел му се придружија  на Емануел Макрон од Елисејската палата по “Шанз Елиза” одејќи  под лесниот дожд.

За време на церемонијата симболично беше запален Вечниот оган на гробот на непознат воин, кој се наоѓа под сводовите на Триумфалната капија. Во вториот дел од денот,  е Парискиот мировен форум   отворен на изложбата Гранд-пар во паркот Ла Вилет.  Целта на состанокот е да  се презентираат нови предлози за намалување на тензиите во светот.